Норвешката Влада одобри Еквинор да го зголеми производство на гас

Од:

Норвешките власти им дозволија на Еквинор (Equinor) и неговите партнери да го зголемат производството на гас во текот на летните месеци поради зголемената побарувачка во Европа, соопшти денеска државната компанија за нафта и гас.

Норвешкото Министерство за нафта и енергија издаде приспособени дозволи за производство со кои ќе се зголеми производството во полињата Трол, Осеберг и Хајдрун.

– Во разговорите со властите и нашите партнери, сега преземаме чекори за одржување на зимското ниво на високо производство, изјави извршниот потпретседател за истражување и производство на Еквинор, Кјетил Хов.

Така, Осеберг ќе може да го зголеми извозот до 30 септември за околу милијарда кубни метри, или околу 15 до 20 отсто во тековната гасна година. Годинава би произвеле околу седум милијарди кубни метри гас, посочуваат во Еквинор.

Планираниот прекин на производството заради одржување е одложен за септември, додаваат од компанијата.

Беше одобрено и барањето за зголемување на производството на гас во Хајдрун за 400 милиони кубни метри или околу 30 отсто.

Доколку се намали производството на други полиња, одобрено е барање и за зголемување на производството во полето Трол, на 38 милијарди кубни метри, што е зголемување за една милијарда кубни метри или три отсто годинава.

Осеберг и Хајдрун заедно можат да произведат 1,4 милијарди кубни метри, што може да ја задоволи побарувачката на 1,4 милиони европски домаќинства во текот на годината, се вели во соопштението на Еквинор.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кокаин пронајден во гајби со банани во Норвешка

А1он

Живко Мукаетов почесен конзул на Кралството Норвешка во Македонија

Горан Наумовски

Норвешка очекува рекорден прилив од продажба на нафта и гас во 2023

Ана Ололовска

Гаско: Норвешка очекува рекорден извоз на гас оваа година

Енергетската криза не ја заобиколи ни Норвешка

А1он

Промоција на билатералната соработка со Кралството Норвешка

А1он