Би-Би-Си – Лондон
Кога човек го гледа фјордот на Осло, со неговите острови и песочни плажи, лесно може да заборави дека норвешката економија доживува тешкотии.
Со драстичнииот пад на цените на нафтата станува јасно дека Норвешка ја зафатило т.н. „холандска болест“ – прекумерно потпирање на една индустрија. Во нејзиниот случај тоа е нафтено-гасниот сектор.
Со своите луксузни ресторани на брегот и модерни деловни згради, пристаништето Соренга на мачен начин потсетува колку просперитетна стана Норвешка, кога времињата се уште беа добри.
– Онаму каде некогаш имаше плац терминал за бродски контејнери, сега има куќи, вели Вибеке Лизе Аугдал, извршен директор на компанијата за недвижен имот „Утлејемеглерен“, додека ужива во глетката од луксузниот апартман на исток од модерниот реон на фјордот во норвешката престолнина.
– На неколку метри сме од централната желензичка станица и од квартот на операта и наскоро ќе имаме музеј на Мунк и локална библиотека, со гордост вели таа.
На база на моќта на норвешката економија по финансиската криза во 2008, луѓето се радуваат на просперитет достоен за завист.
Од таа причина, во време кога голем дел од останатиот свет преживуваше подолг период на болни строги мерки за штедење, Норвешка вложуваше пари во престижни згради на брегот на морето како Соренга.
Небалансирана економија
Стимулирана значајните нафтен и гасен сектор, Норвешка изгледаше непоколеблива во годините на економски бум, кога цената на нафтата од видот „Брент“ скокна од нешто под 40 долари за барел на крајот на 2008, до над 120 долари за барел на почетокот на 2011 година.
Во следните години видот „Брент“ продолжи да се тргува меѓу 100 и 120 долари за барел и Норвешка не еднаш беше прогласувана за најдобра земја за живеење на светот, од страна на Просперити индекс.
Подоцна, кога цените на нафтата почнаа да паѓаат во 2013, стана јасно дека зад блескавата површина, норвешката економија станала неверојатно небалансирана.
– Нафтениот и гасниот сектор станаа премногу силни во нашата економија, особено во последните четир-пет години, критички потенцира премиерот Ерна Сулберг во интервју за Би-Би-Си. – Поголемиот дел од економскиот раст дојде од тој сектор и нашата силна валута им наштети на некои наши традиционални индустрии, објасни таа.
Сигнал за будење
Во последните две години цената на нафтата стрмоглаво падна на околу 30 долари за барел. Во тој период норвешкиот енергетски гигант „Статоил“ заедно со други компании во браншата, скрати илјадници работни места и откажа договори со многу подизведувачи.
Минатата година заработувачката на „Статоил“ нагло се намали и таа пријави нето загуба од 37 милијарди норвешки круни (4,3 милијарди долари).
Проблемите се зголемија. Економскиот раст драматично се забави и тоа доведе до зголемување а невработеноста, која надмина четири проценти на почетокот на 2015 година, според неодамна објавен документ на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).
Инвестициите во целата економија исто се намалија за околу една третина по паѓањето на цените на нафтата.
– Ова ќе биде долготрајна ситуација, се пожали Сулберг. – Нема да се вратиме на високото ниво на инвестиции, на кое бевме пред три-четири години, смета таа.
Нафтено богатство
Некои реони особено гадот Ставангер каде е централата на „Статоил“ се потешко погодени за разлика од други, како престолнината Осло.
Но, дури и таму луѓето се повеќе сфаќаат дека просперитетот на кој му се радуваа во последните години можеби бил привремен.
Пред три години, курсот на норвешката круна достигна 13-годишен максимум во однос на најсилните валути, затоа што силната економија потхранувана од нафта претставуваше силно прибежиште за инвеститори кои бегаа од меѓународната економска бура.
Како резултат на тоа, многумина Норвежани се почувствуваа навистина богати. Одморите во странство и увозоот на потрошувачките стоки изгледаа евтини, особено за голем број домаќинства во светот познатата по егалитарност земја, каде мажот и жената работат, платите растеа за три до четири проценти годишно, за да достигнат просек од 33,492 долари во 2014 година – што е далеку над просекот за ОЕЦД од 25,492 долари.
И потрошувачките расходи и кредитирањето експлодираа во годините на бумот. Цените на домовиите пораснаа за околу една третина во последните шест години.
Долговите на домаќинствата надминаа 200 проценти од годишниот доход кој беше на располагање, ставајќи ги Норвежаните во групата на едни од најзадолжените луѓе во Европа.
Таквиот развој на настаните беше предизвикан во голема мера од пријатниот даночен режим за хипотеките и историски ниските каматни стапки. Но, во услови кога повеќето хипотекарни кредити се со флуктуирачка камата, тоа може да има „значајни макроекономски“ последици, кога каматните стапки почнуваат да растат, предупреди ОЕЦД.
Неопходна е диверзификација
Свртувањето на среќата на норвешкиот народ во последно време веќе доведе до влошување на потрошувачките навики. И цените на недвижностите замрзнаа.
Но, малку нешта во Осло укажуваат на тоа. Во престолнината цените на недвижностите останаа исти, затоа што исплаќањето на хипотеките останува редовно благодарение на историско ниските каматни стапки.
– Побарувачката останува силна, така што се уште не ги чувствуваме последиците, рече еден од сопствениците на луксузна продавница за облека и додатоци. – Ситуацијата со набавките е полоша, затоа што се станува многу поскапо заради слабата круна, додаде тој.
Но, јасно е дека Норвешка не може повеќе да се потпира на нафтата, за да го потхранува растот на својата економија.
– Никој од нас не може да биде сигурен каде ќе отидат цените на натата, признава Сулберг. И додаде: „Норвешката економија треба да се диверзифицира“.
Широк консензус
На конференцијата на Конфедерацијата на норвешките претприемачи минатиот месец во Осло учесниците не покажуваа нималку сомнеж дека ситуацијата е серизона. Генералниот директор на здружението, Кристин Скоген Лунд, ја прекина традицијата и го покани претседателот на Конфедерацијата на синдкатите на Норвешка, Гед Кристијансен, да излезе и застане до неа на бината.
– Невработеноста е на највисоко ниво од 1995 година и многу од невработените се млади, истакна Скоген Лунд.
– Согласни сме дека треба заедно да се соочиме со предизвиците, рече Кристијансен.
Владата и централната банка исто даваат се од себе да го спречат тврдото приземјување на норвешката економија.
Новешката банка ја намали својата основна каматна стапка три пати минатата година на едвај 0,75 проценти, додека на хоризонтот се надѕираат нови кратења, а Кабинетото „го потроши“ соверениот фонд на земјата во кој беа собрани седум билиони норвешки круни (820 милијарди долари) за да внесе пари во економијата.
– Врз основа на зголемента невработеност ние треба да користиме стимули од нафтениот фонд, рече премиерката Сулберг за Би-Би-Си, оправдувајќи го решението за финансирање на инвестиции и даночни намалувања по земањето на повеќе средства од суверениот фонд, отколку да внесува за првпат по неговото создавање во 1998 година.
Економски стимули
Во момент кога бизнисот и трудот се на една страна, а централната банка е ангажирана да ги држи каматите ниски, Владата диригира трансформација на економијата.
– Благодарние на нафтениот и гасниот сектор ние изградивме еден голем сектор на услуги кој може да биде искористен за поддржување на други сектори во иднина, објаснува Сулберг.
Таа прогнозира раст на алуминиумската индустрија, здравството и не на последно место, на роболовното стопанство и риболовот, во момент кога 4,5 килограми конзервирана и пакувана риба чинат повеќе од еден барел нафта.
– На долгорочен план, Норвешка ќе има економија која ќе биде подиверзифицирана и позелена, уверува Сулберг.