НЛБ Банка започна со бесплатна лична достава на картичките на своите клиенти

Од:

Во услови на пандемија на вирусот Covid-19, а со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти, НЛБ Банка воведе нова услуга за лична достава на обновените дебитни и кредитни картички на клиентите бесплатно, без дополнителен надоместок.

Со оваа услуга, на клиентите им е овозможено да ја добијат обновената картичка на рака, на домашна адреса, без потреба да посетуваат експозитура. За да се овозможи услугата, сите клиенти кои сакаат да ја искористат оваа можност, потребно е да поднесат електронско барање за достава на картичка, преку веб страницата на Банката www.nlb.mk.

Во периодот до 31 мај доставата на картичките на адреса на клиентите ќе биде без надоместок.

„Апелираме до сите наши клиенти да се грижат за своето и здравјето на другите и да ги минимизираат посетите на експозитурите. Ве охрабруваме да аплицирате за достава на обновените картички по пошта и на овој начин заеднички да придонесеме да се избегне зголемената фреквенција во експозитурите. НЛБ Банка со низа различни мерки секојдневно прави напори за да ги заштити своите клиенти и вработени. Затоа апелираме заради заштита на здравјето доследно да се почитуваат превентивните мерки од НЛБ Банка и Министерството за здравство“, велат од Банката.

Би можело да ве интересира

Именувани тројца нови членови на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, меѓу кои и Антонио Аргир

А1он

Промени во раководството на НЛБ Банка АД Скопје

А1он

НЛБ Банка со повик за ажурирање на податоците на клиентите со цел навремена достава на платежните картички

Ана Ололовска

НЛБ Банка: Изработени првите 35.000 платежни картички, граѓаните да ги ажурираат податоците

А1он

НЛБ Банка ќе изготви Домашна платежна картичка за 113.000 граѓани, доставата до домашна адреса

Ана Ололовска

НЛБ Банка апелира да се почитуваат превентивните мерки за поголема заштита

Ана Ололовска