Промени во раководството на НЛБ Банка АД Скопје

Од:

Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје на денешната седница назначи и потврди промени во раководството на банката. По шестгодишно успешно управување со банката, актуелниот претседател на Управниот одбор, Антонио Аргир, е унапреден на нова позиција во седиштето на НЛБ д.д. Љубљана, како извршен помошник на Управниот одбор на НЛБ д.д., одговорен за управување со НЛБ Групацијата. Надзорниот одбор го именуваше Бранко Грегановиќ за нов претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, во очекување на потребните одобренија, информираат од банката.

Антонио Аргир, функцијата претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје ќе ја извршува до крајот на годината, а новата функција ќе ја преземе во јануари 2022 година. На новата позиција тој ќе биде одговорен за управување со банките членки на НЛБ Групацијата и други небанкарски членки, поддржувајќи ги сите клучни активности на Групацијата во регионот.

Грегановиќ, кој е номиниран за нов претседател на УО, е поранешен главен извршен директор и главен финансиски директор на НЛБ Банка Белград.

Функцијата ќе ја преземе откако ќе ги добие сите потребни дозволи од надлежните институции и лиценцата од Народната банка на Република Северна Македонија. Дотогаш, Грегановиќ ќе ја извршува функцијата помошник на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје.

Би можело да ве интересира

Именувани тројца нови членови на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, меѓу кои и Антонио Аргир

А1он

НЛБ Банка со повик за ажурирање на податоците на клиентите со цел навремена достава на платежните картички

Ана Ололовска

НЛБ Банка: Изработени првите 35.000 платежни картички, граѓаните да ги ажурираат податоците

А1он

НЛБ Банка ќе изготви Домашна платежна картичка за 113.000 граѓани, доставата до домашна адреса

Ана Ололовска

НЛБ Банка започна со бесплатна лична достава на картичките на своите клиенти

Ана Ололовска

НЛБ Банка апелира да се почитуваат превентивните мерки за поголема заштита

Ана Ололовска