НЛБ Банка: Изработени првите 35.000 платежни картички, граѓаните да ги ажурираат податоците

Од:

НЛБ Банка денеска информираше дека се изработени првите 35.00 домашни платежни картички и оти се во фаза на дистрибуција. Сите корисници на финансиската поддршка кои се распределени во НЛБ Банката ќе добијат СМС порака дека картичката е изработена и ќе биде доставена на домашна адреса.

– За точна и навремена достава на картичката, НЛБ Банка ги повикува сите клиенти кои сè уште не ги ажурирале своите податоци, да го сторат тоа во најкус можен рок, преку веб страницата на Банката на линкот https://nlb.mk/domasnaplateznakarticka.aspx и да ги внесат потребните податоци. Воедно, по добивање на картичката клиентите ќе можат да ги следат сите свои реализирани трансакции и да имаат увид во состојбата на нивната картичка преку НЛБ мКлик мобилното банкарство кое може да го преземат и користат без дополнителни трошоци и надоместоци, се наведува во соопштението.

НЛБ Банка ќе изработи вкупно 113.000 картички. Издавањето ќе се одвива етапно, а крајниот рок е 18 јули. Граѓаните ќе можат да ги користат средствата од картичката до 15 август за купување македонски производи.

За повеќе информации во врска со домашната платежна картичка, граѓаните може да се обратат на телефонскиот број 02/ 15 600, на e-mail: info@nlb или директно да ја контактираат Банката преку социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Именувани тројца нови членови на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, меѓу кои и Антонио Аргир

А1он

Промени во раководството на НЛБ Банка АД Скопје

А1он

Месната индустрија бара да се вратат ваучерите „Купувај домашно“

Ана Ололовска

Хаос во исплатата: лица со блокирани сметки распределени во банки кои не нудат можност парите да се подигнат

Маја Илиевска-Пачемска

За да не им ги земат извршители, граѓаните со блокирани сметки до петок треба да ја подигнат помошта од 6.000 денари

Маја Илиевска-Пачемска

Помошта од 6.000 денари може да се подигне и во кеш, Владата препорачува да се троши на македонски производи

Маја Илиевска-Пачемска