Ниските температури не предизвикаа штети во земјоделството, може да почне резидбата на виновата лоза

Од:

Студеното време минатата недела, со температури под нулата, не предизвика никакви штети кај земјоделските култури. Според агроеметеоролозите, температурите беа вообичаени за овој период од годината, но и во границите на издржливост на културите кои се во фаза на презиумување.

Агроеметеоролозите сметаат дека може да се почне со резидба на виновата лоза.

-Секоја сорта винова лоза има специфични услови на одгледување и доколку почвените услови тоа го дозволуваат, земјоделците можат да почнат со резидба. Режењето е многу значајна агротехничка мерка и претставува најважниот чекор во одгледувањето на лозјето. Таа е обемна операција и потребно е време да се заврши навреме, велат агроеметеоролозите од УХМР.

УХМР најави дека продолжува периодот на стабилно и суво време со пораст на температурите кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Годинава постигнавме договор за 30% зголемени откупни цени на грозјето

Горан Наумовски

Сушата го уништи родот во лозјата, реагираат од „Напредни лозари”

Ана Ололовска

НФФ бара „вранецот“ да се откупува за 17, а „смедеревката“ за 16 денари по килограм

А1он

Национална федерација на фармери бара 16 денари за „смедеревка“ и 17 за „вранец“

Ана Ололовска

Трибина со лозарите од Тиквешко пред бербата на грозјето

Ана Ололовска

Министерот Николовски на средба со винарите

Ана Ололовска