Николовски: Земјоделците да ги искористат новите интервентни мерки, заеднички да овозможиме одржливо и зголемено домашно производство

Од:

Во период на светска криза, на затворени пазари, наша обврска е да создадме услови за што поголемо домашно производство на стратешките земјоделски култури, затоа и донесовме сет мерки за поддршка на земјоделците, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на денешниот брифинг со медиумите.

Николовски посочи дека на последната владина седница се изгласаа измените на Програмата за интервентен фонд и Програмите за директни плаќања и за рурален развој, со кои се предвидени повеќе нови мерки за поддршка на производството на поледелски култури и за сточарството. Овие измени се резултат на консултации со земјоделците, стопанските комори, Факултетот за земјоделски науки и храна и потсекторските групи во МЗШВ.

„Нова интервентна субвенција за набавка на вештачко ѓубриво којашто ќе изнесува 40% или 4.000 денари по хектар за пченицата и за пченката и нова интервентна субвенција од 2.500 денари по хектар за јачмен и сончоглед. Поддршката е итна ,интервентна, односно исплатата ќе биде на неделно ниво, преку Платежната агенција. Од понеделник до петок земјоделците ќе треба да поднесуваат барања за набавени ѓубрива, со фискални сметки со пропратна документација и потоа во следната недела ќе се врши исплатата.Транспарентно ќе објавуваме колку земјоделци аплицирале, колку ја искористиле оваа мерка и во кој износ. Сакаме да ги мотивираме сите да ги искористат овие средства, оваа можност покрај останатите мерки, покрај зелената нафта покрај редовните субвенции.Дополнително сите они кои ќе направат принос кај пченицата од над 4.000 тони по хектар или кај сончогледот од 1,5 тони по хектар, ќе добијат дополнителна субвенција од 5.760 денари по хектар.Со тоа ќе го поттикнеме домашното производство на овие стратешки култури. Апелирам земјоделците да го искористат овој период и за пролетната сеидба на сончоглед заради тоа што обезбедивме 40% поддршка за ѓубриво за сончоглед, околу 100 евра за сите што ќе имаат принос од 1,5 тони сончоглед“, изјави министерот Николовски.

При тоа, Николовски посочи дека во подготвениот „Национален план за производство на храна“ којшто ќе се достави до Владата и ќе се дополнува со нови мерки, се опфатени и останатите сектори, како што се новите мерки во делот на предадено јагне, предадени гоеници, интервентна субвенција за живинарите од 60 денари по несилка, објавување на наменски јавен оглас за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп за поледелски култури со кој ќе се доделуваат вкупно 6.000 хектари во различни региони и други мерки.

Министерот Николовски потенцираше дека се става акцент не само на производството на стратешките суровини за основните производи брашно, леб, масло за јадење, туку и за останатите производи како што се млекото и јајцата, нудиме еден огромен пакет на мерки и политики како да за одржливо и зголемено домашно производство на овие стратешки земјоделски култури, рече министерот Николовски.

На брифингот, министерот Николовски информираше дека од страна на потпретседателот на Владата на Република Србија и министер за земјоделство Бранислав Недомовиќ, е информиран дека српската влада на денешната седница ја носи одлуката за укинување на забраната за извоз за Северна Македонија за пченица и пченка, со што сите договорени количини помеѓу економските партнери на двете земји ќе бидат испочитувани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николовски од кавадаречка Марена: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Николовски: Димовски итно да закаже седница, да не го блокира донесувањето на законските измени за земјоделското земјиште

Николовски: Во тек е постапката за продолжување на договорите за закуп на земјоделско земјиште за земјоделците во Свети Николе

(ВИДЕО) Николовски: Брза и навремена исплата, мотивирани земјоделци и зголемен извоз на земјоделски производи

Николовски: Имаме јасно решение, заедно со земјоделците праќаме порака веднаш да се донесе Законот за земјоделското земјиште

МЗШВ: Трипуновски денес го демантираше Цветан од вчера