Николовски: Ставаме на располагање нови 5722 хектари земјоделско земјиште

Од:

Не оставаме ни педа необработено земјоделско земјиште, ставаме на располагање нови 5722 хектари земјоделско земјиште и преку одговорни мерки го зголемуваме домашното производство на стратешки култури, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на денешната прес-конференција. Министерот Николовски информираше дека владата на денешната седница даде согласност за МЗШВ да распише наменски јавен оглас за доделување на слободно земјоделско земјиште над 3 хектари.

“Преку оваа мерка ставаме на располагање нови 5.722 хектари земјоделско земјиште за обработување на стратешки култури, односно пченица, пченка, јачмен, сончоглед, рж, ориз, овест, маслодајна репка, тритикале и добиточен грашок. Со огласот опфатени се 14 региони во државата каде успеваат овие култури, односно се ставаат на располагање околу 700 целини на земјоделско земјиште над 3 хектари. Постапката за доделување ќе се врши преку електронско јавно надавање, рокот за аплицирање е 20 дена, а целокупната постапка со заокружување на јавното надавање очекуваме да трае 30 дена,“ изјави министерот Николовски.

Дополнително министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го разработува и концептот за ставање во функција и на приватното напуштено земјоделско земјиште. Се бара начин како и ова земјиште да биде ставено во функција и биде обработувано.

Овој наменски оглас за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп е дел од мерките од донесениот Национален план за производство на храна кој содржи пакет интервентни мерки од 400 милиони денари, чијашто цел е да им се помогне им се помогне на земјоделците и на сите граѓани. Земјоделците со овие мерки добиваат 40% дополнителна помош за набавка на вештачко ѓубриво за пченка и пченциа, 2.500 денари по хектар за сочоглед и јачмен, дополнително оние кои ќе направат принос кај пченицата од над 4.000 тони по хектар или кај сончогледот од 1,5 тони по хектар, ќе добијат дополнителна субвенција од 5.760 денари по хектар. Во делот на сточарството, обезбедена е интервентна субвенција од 400 денари по грло за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет и интервентна субвенција од 1.500 денари по грло за гоеници со тежина над 90 килограми. Се воведува и нова интервентна субвенција во висина од 60 денари по несилка која се наоѓа на одгледувалиштето и е на возраст за производство на конзумни јајца.

Министерот Николовски изјави дека заедно со земјоделците ќе се креираат мерки за зголемување на домашното производство на земјоделско-прехранбени производи и намалување на увозот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николовски од кавадаречка Марена: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Николовски: Димовски итно да закаже седница, да не го блокира донесувањето на законските измени за земјоделското земјиште

Николовски: Во тек е постапката за продолжување на договорите за закуп на земјоделско земјиште за земјоделците во Свети Николе

(ВИДЕО) Николовски: Брза и навремена исплата, мотивирани земјоделци и зголемен извоз на земјоделски производи

Николовски: Имаме јасно решение, заедно со земјоделците праќаме порака веднаш да се донесе Законот за земјоделското земјиште

МЗШВ: Трипуновски денес го демантираше Цветан од вчера