Николовски: Срамен и скандалозен „одговор“ на Трипуновски за мега – скандалот со ИПАРД средствата

Од:

Пратеникот на СДСМ и поранешен министер, Љупчо Николовски, реагира на како што вели „срамниот одговор на министерот Трипуновски за скандалот со суспензијата на ИПАРД средствата, кој воопшто и не содржи никакви информации ниту пак одговори“.

„Срамен и скандалозен „одговор“ добив од Министерството и Министерот во заминување на моите официјални барања. Барања во кои побарав јасно и конкретно:

* причините за суспензијата на ИПАРД,
* времетраењето на блокадата,
* бројот на загрозени корисници,
* последиците за земјоделците,
* и планираните чекори за надминување на кризата.

Наместо одговор на овие пет клучни точки, добив документ кој воопшто не одговара на ниту едно прашање. Нема факти, нема рокови, нема план.

Собранието е понижено со ваков однос од министер кој и понатаму молчи, бега од пратенички прашања и одбегнува какво било соочување.

А додека тој бега, земјоделците остануваат со блокирани исплати, блокирани проекти и замрзнати 130 милиони евра, без ниту една информација кога и дали проблемот ќе биде решен.

Како претседател на Комисијата ќе продолжам да барам вистински одговори, затоа што институциите не смеат да молчат, а земјоделците не смеат да бидат оставени сами.“ стои во објавата на Николовски.

Би можело да ве интересира

Ајвар, ќебапи и криптовалути во центарот на Скопјe: Binance носи мешавина од традиција и иновација

ИПАРД случајот стигна до суд: Продолжение на постапката на 30 април

Горан Наумовски

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

Фицо ги повика партиите да го поддржат писмото испратено до Зеленски за транзитот на руска нафта

Предраг Петровиќ

Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, без бариери и со неограничен интернет

Светските економии да се подготват: Доаѓаат незамисливи шокови

Предраг Петровиќ