Николовски: Сите сточари ќе бидат обесштетени

Од:

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска порача дека ќе се заложи да бидат обесштетени сите сточари кои претрпеа штети од болеста „јазлеста кожа“.

– Ќе инсистирам да бидат обесштетени сите сточари, соодветно и без селекција. Досега се исплатени мал број и сумата воопшто не е соодветна. Се пресметува штета само по угинато говедо, а не загубите што ги имаат на млеко и месо, укажа Николовски.

Тој уште еднаш ја овини власта за, како што рече, ненавремено реагирање поради што болеста се проширила на повеќе жаришта.

– Штетите се илјадници угинати говеда. Се крие точната бројка. Власта цели пет месеци доцни и со надоместокот на штетите. Доведена е во прашање елементарната егзистениција на сточари, рече Николовски.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници