Николовски: Сите програми на министерството се донесени согласно закон

Од:

Сите програми се донесени согласно закон, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на денешните обвинувања од дополнителниот заменик-министер за земјоделство Цветан Трипуновски дека Николовски поделил 2,5 милиони евра надвор од програмите на Платежната агенција.

Во изјава за медиумите, Николовски рече дека при распределбата на средствата немало никаква селективност.

– Нашата цел беше сите да добијат. Нашата цел беше да нема поделби, туку да обезбедиме повеќе средства за сите. Не разбирам како некој што претендира да биде министер се бори за помал земјоделски буџет, наместо да се бори за повеќе средства кои што доаѓаат токму во ресорот земјоделие, рече Николовски.

Министерот посочи дека секој сомнеж може да биде пријавен во која било институција и да се направи целосно испитување.

Во однос на обвинувањата на Трипуновски дека распределбата на средствата се врши надвор од процедурите, тој посочи дека Законот за извршување на буџет ги дефинира програмите кои ги има донесено Владата.

– Владата има донесено програма во која што ги дефинира постапката и процедурите и сите процедури во однос на спроведувањето се испочитувани. Во ниту еден дел нема никакво изостанување на која било процедура, рече тој.

Како што појасни, од 60 апликации на првиот повик минатата година, 59 биле успешни и биле обезбедени средства за сите.

Во врска со прашањето за серијалот написи на „360 степени“ за кесички за орална употреба со висока концентрација никотин, Николовски одговори дека Министерството за здравство е задолжено да ги направи сите анализи за безбедноста и сигурноста на сите овие никотински кесички и дека е формирана работна група на Министерството за здравство, МЗШВ, Царина и останатите институции кои што треба да ја информираат Владата дали треба да се промени Законот за тутун или како треба да се регулира ова прашање.

Би можело да ве интересира

Николовски: Не смееме да дозволиме да им ја одземеме европската иднина на младите

(ВИДЕО) Николовски: Над 210 милиони евра на располагање за инвестиции преку ИПАРД 3 во следните четири години

(ВИДЕО) Министерот Николовски заедно со земјоделците од Свети Николе денес ги потпишаа првите договори за продолжување на закупот на земјоделско земјиште

Николовски: Земјоделците од Кочанско рекордери во искористувањето на ИПАРД поддршката, утре ќе биде објавен новиот повик за мерката 3

Николовски од Берово: Продолжуваме со поддршката на жените земјоделки

Горан Наумовски

Николовски: Досега 838 млади земјоделци успешно ја реализирале поддршката со мерките на МЗШВ