Николовски: Ниту една обработлива површина не смее и нема да остане незасадена, ѓубрива за сеидба и прихрана ќе има

Од:

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски одржа состанок со потсекторската група за уредување на пазарот на жита, во којашто членуваат претставници од секторите од МЗШВ, од земјоделските здруженија, стопанските комори, Факултетот за земјоделски науки и храна, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

dobivaj vesti na viber

На состанокот се дискутираше за ефектите од актуелните мерки за поддршка на производството на поледелски култури, но и идните мерки што ќе се преземаат за зголемување на површините и производството на стратешките земјоделски култури.

„Наша обврска како министерство е во овие критични околности да бидеме секојдневно во координација и на терен со земјоделците. Да бидеме подготвени и да понудиме решенија за сите проблеми со кои се соочуваат. Токму овие редовни состаноци со посекторската група за жито ја имаат таа цел. Заедно креиравме мерки во Интервентниот фонд во вредност од 400 милиони денари. Земјоделците со овие интервентни мерки добиваат 40% дополнителна помош за набавка на вештачко ѓубриво за пченка и пченица, како и 2.500 денари по хектар за сочоглед и јачмен. Се грижиме секој земјоделец да има помали трошоци и одржливо производство. Храна и житни култури мора да има. Ниту една обработлива површина не смее и нема да остане незасадена. Ѓубриво за сеидба и потхрана ќе има, субвенциите и интервентниот план се во функција на земјоделците. Секој земјоделец добива досега рекордна поддршка и субвенција. Тоа е поддршка за секој еден земјоделец“, рече министерот Николовски.

Министерот Николовски посочи дека интервентниот фонд до крајот на годината ќе се проширува со нови мерки и планирано е да достигне 600 милиони денари до крајот на годината, пари со кои ќе им се помогне на земјоделците да имаат помали трошоци и ќе се мотивираат да ги зголемат површините со пченица,пченка, јачмен и сончоглед.

„Ги мотивираме земјоделците да го зголемат приносот, со дополнителни скоро 100 евра од хектар. Наша цел е да го зголемиме домашното производство и да овозможиме намалување на увозната зависност на дел од овие култури. Дополнително сакаме домашното производство кое сега го помагаме пред се да биде искористено од домашните преработувачки капацитети. Подготвуваме и јавен повик со кои дополнително 6.000 хектари државно земјоделско земјиште го ставаме на располагање на земјоделците токму за производство на житни култури“, изјави министерот Николовски.

Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Петре Стојкоски изјави дека донесените интервентни мерки значително ќе им помогнат на земјоделците за одржливост и зголемување на производството.

„Останува ние како земјоделци да го зголемиме нашето производство, да станеме не зависни од увоз на сите зрнести производи, пченица, пченка, соноглед и друго. Според нашите сознанија за оваа година, бидејќи имаме уште доволно време за садење на сончоглед, мислам дека за најмалку 20% ќе биде зголемено производството на сончоглед, затоа што субвенцијата која што ќе ја добиваме по 100 евра од хектар ќе значи поголема надеж за поголеми килограми по хектар“, рече Стојковски.

Стеванче Јордановски од Националната Федерација на фармери изјави дека посочените предлози се прифатени од МЗШВ и сега земјоделците треба да ги искористат сите донесени мерки.

„,Сега треба да се искористат дополнителните мерки од интервентниот фонд, да се направат сите агротехнички мерки, да се направи прихраната, да се искористи можноста и да се искористат овие дополнителни мерки. Секако дека се надеваме, дека овие мерки ќе влијаат позитивно, ќе се зголеми производството на пченица и другите житни култури“, изјави Јордановски.

Министерот Николовски посочи дека и понатаму ќе се следи состојбата, ќе се преземаат соодветни мерки за зголемување на домашното производство, и ги повика земјоделците да ги искористат сите дополни мерки.

Би можело да ве интересира

Министерот Николовски паднал од велосипед и скршил рака

Николовски од Рим: Потпишана нова петгодишна Програмска рамка со ФАО

А1он

Николовски: Го поддржуваме оризопроизводството, доделени првите четири од вкупно 25 комбајни со сецкалици за ориз

А1он

Николовски: Од денеска пет нови јавни повици за набавка на трактори, силоси, мандри, опрема за производство на тутун и „Рурална жена“

А1он

Николовски: Ставаме на располагање нови 5722 хектари земјоделско земјиште

А1он

Николовски: Земјоделците да ги искористат новите интервентни мерки, заеднички да овозможиме одржливо и зголемено домашно производство

А1он