Николовски: Никој не знае што јадеме, не се испитува присуство на ГМО

Од:

Огромниот скандал што го откривме, за катастрофалната негрижа за безбедноста на храната во Македонија е потврден од самата Агенција за храна и ветеринарство во нејзиниот Годишен извештај за работа за 2015 година, известува СДСМ.

-Извештајот констатира дека иако во програмата на Владата за мониторинг на безбедноста на храната во Македонија за 2015 година предвидено било да се земат 2.075 мостри за анализа, вкупно се анализирале само 1.194 мостри и тоа во рок од само три месеци во 2015 година.

Скандалот е уште позагрижувачки. Годишниот Извештај за работењето на Агенцијата за храна и ветеринарство за 2015 година открива дека во 2014 и 2015 година во Македонија не се испитува присуство на Генетски модифицирани организими (ГМО) во храната, рече Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

Тоа е спротивно на законот. Согласно Законот за безбедност на храна и измените од 2013 година (член 55) забрането е производство, промет и увоз на храна и производи од храна што содржат ГМО.

Иако во програмата на Владата за мониторинг на безбедноста на храната предвидено било да се направат 150 анализи на мостри Агенцијата не направила ниту една односно како што стои во извештајот нула.

Ниту пак има правилници за контрола ниту пак упатства за тоа како инспекторите ќе ја вршат оваа официјална контрола.

Извештајот за работењето на Агенцијата за храна и ветеринарство потврдува дека во 2015 година храната со месеци не се контролирала.

Само во три месеци се вршени анализи на храната а не во текот на целата година.

Во останатите месеци Агенцијата за храна и ветеринарство немала склучено договори со овластените лаборатории, како што обелоденивме.

Со тоа, од мај до септември 2015 година Агенцијата за храна немала сознанија за безбедноста на храната што ја конзумирале граѓаните.

Граѓаните не знаеле каква храна купуваат, што јадат, дали е тоа исправно или не е, дали е штетно по нивното здравје.

Но скандалите поврзани со нестручното, неодговорно и катастрофално работење на Агенцијата за храна и ветеринарство продолжуваат.

За овој скандал мора да следува одговорност.

Прво за директорот на АХВ а потоа и за министерот Михаил Цветков Законот за безбедност на храна е одговорен за спроведување на политиката во безбедност на храна и храна за животни и ветеринарното здравство.

Ние ќе ја продолжиме борбата против злоупотребите во инстуциите и криминалното, противзаконско работење на ВМРО-ДПМНЕ на штета на граѓаните.

Секој што го прекршил законот ќе одговара.

Оставки за вакви скандали со коишто е загрозено здравјето на граѓаните не се доволни, нагласи Николовски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Николовски за 100 дена Влада: Нула мерки и закочени субвенции

Катерина Ѓуровски

Трипуновски: Лошите политики на претходниот министер земјава ја направија увозно зависна од храна

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Николовски: ВМРО ДПМНЕ лаже, не се точни објавите

Петрушевски: Додека владата должела 50 милиони за субвенции на земјоделците, Николовски плаќал хотелски соби од неколку стотина евра

Катерина Ѓуровски