Николовски: Ќе работам чесно, транспарентно и одговорно

Од:

Ќе работам чесно, искрено и одговорно, со апсорбирање на сите професионални, стручни капацитети, без разлика на нивната партиска или друга определба, изјави денеска Љупчо Николовски откако и официјално ја презеде функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Треба, рече, со сите сили да се насочиме кон креирање издржливи политики во земјоделството кое е исклучиетлно значаен сегмент од македонската економија.

Николовски најави дека ќе бидат поддржани сите проекти што се во интерес на земјоделците, а за тоа, нагласи, ќе му биде потребна помош од вкупните расположливи потенцијали, човечки и технички.

– Не очекува тешка задача и одговорност. Но, убеден сум дека со целосна транспарентност, отвореност на Министерството, посебно за земјоделците, влегуваме во нова битка за да оствариме позитивен резултат. Остануваме на приоритетите од нашата владина програма „План за живот во Македонија“: искористување на земјоделското земјиште, зголемување на производството, конкурентоста и извозот, редовна исплата на субвенциите, изградба на ситеми за наводнување, воведување зелена нафта и други мерки што ќе значат поевтина продукција, квалитетен принос и поголем пласман, подвлече министерот.

На новинарско прашање дали ќе ја спроведе ревизијата што ја најавуваше додека беше дополнителен заменик-министер, Николовски потенцира дека останува конзистентен на она што го правеше.

– Цврсто стоиме на нашата определба и на ветувањето за ревизија на тоа како е доделено државното земјоделско земјиште и на сите постапки што ги поведовме во претходниот период. Бидете сигурни дека бескомпромисно, неселективно, до крај, нашата улога ќе биде реализирана, рече Николовски.

Тој е дециден дека проектираната сума од 160 милиони евра за земјоделски субвенции ќе се исплаќа редовно, а ќе се крати онаму каде што ќе се процени дека има непродуктивни трошоци. – Цврсто сме убедени дека е можно земјоделците да бидат поддржани со 160 милиони евра субвенции, но клучно е средствата да бидат редовни, навремени и зголемени, предочи Николовски.

Досегашниот министер Михаил Цветков му ја честитата новата фунцкија на Николовски, му посака упсех во работата и му понуди помош и соработка. Воедно му порача дека би било добро во наредните четири години да се фокусира на, како што рече, четирите клучни сегменти: консолидација на земјиштето, системи за наводнување, организацијата на земјоделците во задруги и електронско следење на производството.

– На Николовски и на сегашната Влада е да оценат кои проекти се добри, за да ги продолжат. Им стојам на располагање, ако има потреба, да помогнам во реализација, напомна Цветков.

За одржливо земјоделско стопанство, нагласи, мора да има консолидирано земјиште, два, три, пет хектари на едно место, со пристапен пат, системи за наводнуање.

-Имајќи предвид дека во Македонија сегашната состојба е многу лоша на овој план, од ИПА 2 програмата добивме шест милиони евра за консолидација на земјоделското земјиште. За изградба на 20 нови, мали системи за наводнување се обезбедени пет милиони евра поддршка исто така од ИПА 2, информира Цветков.

Во врска со задругарството предочи дека се уште многу тешко заживува пред се поради убедувањето особено на постарите земјоделци. И во овој дел се обезбедени пет милиони евра поддршка од ИПА 2 од кои, 80.000 до 150.000 се за техничи капацитети на задругите.

Цветков рече дека МЗШВ почна и софтверско решение за евиденција на земјодлското производство на дневна основа, за да се знае што е продадено, по која цена и дали откупувачот го има платено во законскиот рок од три месеци производот на земјоделецот.

Би можело да ве интересира

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади