Николовски ги посети лозарите од Сопот

Од:

Од минатогодишната реколта, на најголем дел од лозарите им се исплатени само 30 отсто од предаденото грозје, соопшти денеска дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски кој вчера го посети село Сопот, на покана на жителите.

Како што наведува Николовски, лозарите се пожалиле и дека субвенциите се исплаќаат селективно и нередовно, а некои немаат земено финансиска поддршка и за 2014 година.

– Лозарите рекоа дека поважна им е исплата на откупеното грозје, отколку субвенциите. Се пожалија дека винарските визби иако го немаат исплатено ланското грозје, инспекцијата не излегува на терен и тие визби се толерираат од страна на власта, вели дополнителниот заменик-министер.

Спорд него, новата реколта е почната, а интерес од винариите за потпишување нови договори нема.

– Ќе продолжам да ги бранам вашите интереси. Секој ден. Правдата ќе ги стинге сите што сториле криминал на штета на граѓаните, на земјоделците. Промените носат вистински мерки за решавање на проблемите на земјоделците, вели Николовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Меџити спроведува робусна партизација со 3.000 партиски кадри, а Мицкоски молчи

А1он

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Кузеска: Историски најголема партизација, 3000 партиски кадри ќе вработи Изет Меџити

Венко Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ за партиските избори на 16 март

СДСМ: Меџити најавува илјадници партиски вработувања, се спрема масовна партизација пред изборите