Николовски-Баздникин: Не постои застој при влез на македонските камиони во Руската федерација

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска имаше работен состанок со амбасадорот на Руската федерација, Сергеј Баздникин, на кој што главна тема беа последните информации за извозот на македонските земјоделско-прехранбени производи во Русија. Според официјалните податоци од руските надлежни институции и од надлежните институции на Република Северна Македонија, не постои застој при влез на македонските камиони во Руската федерација.

Според последните податоци од Државниот инспекторат за земјоделство на РСМ, сите компании/извозници од РСМ , кои подигнале фитосанитарни сертификати со новото устано име Република Северна Македонија, без никаков проблем ги поминале граничните премини кон Русија, со што е овозможен непречен влез на камионите и пласман на македонските земјоделско-прехранбени производи на рускиот пазар. Ова го потврди и рускиот амбасадор Баздникин, кој на состанокот децидно посочи, дека од руска страна не постои ниту официјално известување, ниту било каква друга пречка за влез на македонските камиони во Русија, поради промената на уставното име на државата.

Во изминативе пет дена во Русија се влезени шест македонски фирми/извозници кои во оваа земја извезуваат градинарски производи и овошје.

Освен на оваа тема, министерот Николовски како претседател на македонскиот дел од Меѓувладината комисија за научно-техничка и трговско-економска соработка, го извести амбасадорот Баздникин, дека од македонска страна во консултација со руската страна ќе се интензивираат подготовителните активности и ќе се предложи датумот за одржување на седница на Комисијата во најкус рок. Истовремено во овој период двете страни ќе ги утврдат областите за идна соработка меѓу двете држави. Рускиот амбасадор Баздникин, ја потенцираше заедничката заложба за рестартирање на работата на Комисијата, која што нема одржано седница од 2014 година.

Руската федерација е значаен економски партнер на Република Северна Македонија, а последните податоци покажуваат пораст на извозот во Русија. Трговската размена помеѓу Република Северна Македонија и Руската федерација во делот на земјоделско-прехранбените производи, во првиот месец од оваа година споредено со истиот месец 2018 година е зголемен за 90%, и изнесува 1,6 милиони евра.

Зголемениот извоз се должи пред се на извозот на јаболки во количина од 3.145 тони во вредност од 1,2 милиони евра. Вкупниот извоз за истиот период во Руската федерација е зголемен за 41 отсто.

Би можело да ве интересира

Извозот намален за 5,7 отсто, трговскиот дефицит 2 151,2 милиони евра

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

ДЗС: Опадна извозот, се зголеми увозот, трговскиот дефицит до јули е 1,92 милијарди евра

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда