Нов генерален директор на МЖ Транспорт АД – Скопје и претседател на Управниот одбор од 13 февруари годинава е дипломираниот правник Никола Костов.
Од 1978 до 1990 година Костов е вработен во „Фершпед“, како директор на правниот сектор, а од 1990 година работи во приватна фирма. Костов како правник е член на Правниот совет на ФИАТА (Светска шпедитерска асоцијација), а автор е и на два научни труда посветени на меѓународното транспортно право.
Костов во меѓувреме извршуваше и повеќе општествени функции, а од нив за одбележување е неговиот ангажман како генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија, соопшти МЖ Транспорт АД – Скопје.