Невреме го уништи родот во штипскиот регион покрај реката Крива Лакавица

Од:

Земјоделците од штипскиот регион во атарот на реката Крива Лакавица претрпеја големи штети на овошните насади и раноградинските производи од невремето кое синоќа ги зафатило.

Димче Колев земјоделец кој произведува раноградинарски производи вели дека годинава требало да произведе 50 тони домати, пиперки и зелка, а сега загубата ја проценува на 1.200 000 денари.

Слободан Стаменков вели дека од невремето има 80 отсто штети на овошните насади.

– Оваа година очекував род од 100 тони и заработка од 30.000 евра, но еве и по пониска откупна цена да е штетата би изнесувала 20.000 евра. Тоа беше страшно и невидено во рок од 15 минути градот во форма на слива ни го уништи родот, вели Стаменков.

Земјоделците годинава од овој регион не ги осигурале нивите, но сметаат дека треба да почне повторно со функционирањето на градобијните ракети, кои во минатото биле пушатни од селото Степанци.

Во текот на утрешниот ден земјоделците од лакавичкиот регион ќе ги пријавуваат штетите во Комисијата за проценка на штети.

Би можело да ве интересира

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снежна бура во САД, издадено предупредување за над 60 милиони луѓе

(ВИДЕО) Силно невреме во САД, има мртви и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Снегот го блокира Балканот: 10 часа семејства со деца биле заглавени во Босна

Катерина Ѓуровски