Невработеноста во Чешка достигна рекордни 600.000 лица

Од:

Во Чешка работа бараат 585.809 лица, што претставува рекорд во поновата историја на земјата и е најголем број на невработени од 1989 година, јави дописникот на МИА од Прага.

Само во јануари месец за работа се пријавиле 40.498 заинтересирани и според податоците на повеќе аналитички компании стапката на невработеност е 10,1 проценти, додека во декември минатата година изнесуваше 9,4 проценти.

На чешка територија најголема невработеност била регистрирана за време на еконмската криза во 1933 година. Тогаш без работа биле 783.000 луѓе, а стапката на невработеност изнесувала над 21 проценти.

Според експертите, негативните резултатите на работниот пазар се должат на намалениот број работни места.

Во јануари фирмите нуделе 33.794 места што е за повеќе од 1.000 места помалку отколку претходниот месец, што покажува дека за едно работно место има 17,3 заинтересирани лица.

Би можело да ве интересира

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот