Дигитализацијата на услугите е една од примарните процеси во Нептун Македонија, компанијата која континуирано на иновативен начин им го олеснува на потрошувачите купувањето на апарати за домаќинство. Нептун Македонија, во партнерство со ИутеКредит Македонија, лансираа ново иновативно решение за онлајн шопинг со кое потрошувачите ќе може на лесен, брз и безбеден начин да купуваат онлајн на рати преку веб страната www.neptun.mk.
Освен оваа новост изминатиов период Нептун Македонија промовираше неколку иновативни дигитални алатки: мобилна апликација за онлајн шопинг и дигитализација на happy лојалната програма и happy картичката.
Покрај опцијата потрошувачите да може да купуваат онлајн со кредитни или дебитни картички, отсега ќе имаат можност по изборот на саканите производи многу едноставно и брзо да аплицираат за купување на производ од Нептун преку исплаќање со наменскиот кредит од ИутеКредит и истиот да го исплаќаат од 3 до 24 рати со суми од 3.000 до 120.000 денари. Целиот процес е дигитализиран и потрошувачите нема да имаат потреба да достават физички документи со што се олеснува целиот купопродажен процес.
Процесот на апликација и одобрување е лесен и брз, што овозможува одличен бенефит за секој потрошувач. Во само 3 чекори потрошувачите ќе можат да ги купат своите омилени производи во Нептун:
- Го избирате вашиот омилен производ на neptun.mk
- Избирате опција за плаќање на рати преку ИутеКредит
- Доколку апликацијата за кредит е одобрена, Нептун ви ја доставува нарачката во предвидениот рок
Овој начин на кредитирање при онлајн купување на производи е прв и единствен на пазарот во Македонија. Соработката помеѓу овие две иновативни компании придонесе за напредок на Е-трговијата во нашата држава. Само со вакви проекти и иновации можеме да го унапредуваме купувачкиот процес и да ги направиме услугите и производите подостапни за македонските купувачи.
Нептун Македонија најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг опрема, смартфони и ИТ уреди, е присутна 22 год. на македонскиот пазар преку 25 продажни салони во 21 град во Македонија и преку 80 големопродажни партнери. Со брендови во своето портфолио како Беко, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун” е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава.