“Нептун” Македонија ја започна својата хумана мисија – Ајде заедно да креираме подобро утре за сите деца!

Од:

По воспоставената соработка помеѓу “Нептун” Македонија и СОС Детско село, тимот на Нептун заедно со децата и младите од СОС Детско село навиваа за нашата држава на Европското првенство и со сето срце ја бодреа нашата репрезентација.

Во кругот на локацијата на СОС Детско село вработените, заедно со децата, младинците и нивните згрижувачи и ментори го гледаа првиот историски натпревар на Македонската репрезентација против Австрија на Европско првенство.

Од страна на “НЕПТУН” Македонија како иницијатор на овој настан беа обезбедени сите аудио и визуелни услови за гледање на овој меч во надворешни услови во пријатна атмосфера со обезбедени реквизити за навивање. Сите заедно се погриживме да бидат следени и испочитувани сите мерки и протоколи за безбедност. Домашната атмосфера успеавме да ја пренесеме во амбиентот на СОС Детско село и пративме огромна доза на позитивна енергија за нашите репрезентативци.

Нептун како компанија постојано се вклучува во процесот за општествена одговорност и тоа останува една од нашите примарни одговорности и основа на која ги надградуваме сите останати активности преку кои се обидуваме да го подобриме квалитетот на животот во средината во која работиме. Сите ние и како индивидуи и како компании треба да ја покажеме солидарноста и емпатијата кон најранливите – децата.

Активностите во рамките на оваа соработка продолжуваат, да бидеме промената која сакаме да ја видиме во светот!

ПР текст

Би можело да ве интересира

Добредојдовте во новиот Нептун

НЕПТУН Хуманитарна кампања за СОС Детско село “Заокружи сметка”

„Нептун Македонија“ – Вештачка интелигенција за унапредување на своите услуги и продажбата

„Нептун“ слави 30 години со голема роденденска наградна игра

Голем Gaming настан во НЕПТУН

Ана Ололовска

Хуманитарна кампања на Нептун Македонија: Заокружи сметка и донирај за СОС Детско село

Ана Ололовска