Неопходна ревизија на индустриската политика

Од:

Македонија треба да ја ревидира политиката во индустријата, да ги следи промените на глобално ниво, а бизнис заедницата, особено преработувачката, да размислува за воведување „паметни“ фабрики, дигитализација, „зелени“ индустрии и софистицирани системи, порачаа учесниците на денешната средба за ревизија на индустриската политика 2009-2020 година што ја организираше Министерството за економија во Куманово.

Според државниот секретар во Министерството Зоран Павловски, битно е и да се размисли за преструктуирање на новите мерки што се планираат за реално да бидат достапни на претпријатијата.

Јасмина Мајстороска од Секторот за индустриска и инвестициска политика од Министерството за економија појасни дека ревизијата е еден од предусловите за поглавјето 20, што беше и завршен бенчмарк за Бугарија, Хрватска, Србија, Црна Гора. – Ние сме чекор напред, сакаме да го креираме овој документ што ќе понуди јасна визија каде сакаме да се движи нашата индустрија, изјави Мајстороска.

Владата ја усвои индустриската политика во 2009 година, но потребно е да се направи ревизија за да се утврдат новите приоритети, оцени консултантот Рикардо Пинто. Според него, носител на економијата е преработувачката индустрија зашто се темели на извозот, иновациите, истражувањето и развојот.

– За имплементација на индустриската политика се обезбедени 150 милиони евра за пет години, а целта е да бидат што подостапни за фирмите со лесен начин на аплицирање. Исто така, постојат повеќе фондови од ЕУ, но за нив е потребна консултантска помош, информира Пинто.

Инудстриската политика и економскиот развој воопшто, зависат од развојот на малите и средни претпријатија поради што е битно да се слушнат и нивните мислења, рече директорот на Агенцијата за поддршка на претпримеништвото Иле Митковски.

Идната недела ќе профункционира веб-страницата „конкуретност.мк“ со владините мерки за поддршка на претприемништвото и програмите на донаторите, додека на петти јули се очкува да се одржи и главната конференција. По јавните расправи, ревизијата ќе ја разгледува и Владата.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата