Компанијата ГСОЛ, преку претставништвото Еуроникел Дооел Скопје ги повикува сите необезбедени доверители чии побарувања се прифатени во стечајната постапка што се води за ФЕНИ Индустри АД-во стечај, да ги достават своите барања со цел започнување постапка за исплата.
„Инвеститорот ГСОЛ, преку своето преставништво Еуроникел Дооел Скопје, ги повикува необезбедените доверители чии побарувања се прифатени, во стечајната постапка што се води за ФЕНИ Индустри АД-во стечај, во Основниот Суд Велес со бр. Ст. 111/17, во периодот од 12-ти до 16-ти Март 2018год., да дојдат во канцелариите на Адвокатското Друштво „Поленак“, кои се правни застапници на Еуроникел Дооел Скопје, заради започнување на процесот на договори за откуп на побарувања, согласно соопштението во медиумите од 06.03.2018г.
Се покануваат необезбедените доверители во гореспоменатата стечајна постапка, да го контактираат Адвокатското Друштво „Поленак“ на тел. бр. 02 3114 737, заради закажување термини“.