„Немам намера да ја затворам фабриката „Мобеж“, вели првиот човек на Рено, Жан-Доминик Сенард

Од:

Претседателот на групата „Рено“, Жан-Доминик Сенард, нагласи дека „нема намера“ да ја затвори фабриката во „Мобеж“ (Северна Франција), јави дописникот на МИА.

-Немам никаква намера да ја затворам фабриката во Mобеж. Ве уверувам, никогаш не сум го кажал тоа и никогаш не сум размислувал за тоа, како дел од планот за заштеда на повеќе од две милијарди евра што го објави групата оваа недела, рече Сенард во интервју во емисијата Гранд-жири на РТЛ-Ле Фигаро-ЛЦИ.

– Ништо нема да се стори на северот на Франција без отворена дискусија со сите. Заедно ќе одлучиме која е најдобрата формула.

Повеќе од 8.000 луѓе се собраа пред фабриката „Рено“ во Мобеж, која прекина со работа во петокот, за да демонстрираат против одлуката на производителот на автомобили за намалување на 15.000 работни места ширум светот, од кои 4.600 во Франција.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано