Нема промена на малопродажната цена на бензините и дизелот, РКЕ ја намали цената на екстра лесното

Од:

Малопродажната цена на бензините и дизелот не се менуваат оваа недела, намалување, одлучи Регулаторната комисија за енергитика, да има кај екстра лесното масло за домаќинство за половина денари.

Согласно одлуката цените остануваат на ниво утврдено со одлуката од 17 август и ќе се продаваат Еуросупер БС-95 по 59,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 по 61,50 денари за литар, Еуродизелот ќе се продава по 52 денари за литар.

Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 51,5 денари за литар.

РКЕ ја намали и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 0,085 денари за килограм и ќе се продава по 26,28 денари.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 1,352 отсто или за 5,450 $/тон, кај дизелот намалување во просек за околу 0,365% или за 1,350 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 0,708 % или за 2,550 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,361% или за околу 1,000 $/тон.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 51,97 денари.

Би можело да ве интересира

Во ниту еден случај нема да се поскапи парното за домаќинствата, тврдат од Регулаторна

Орце Костов

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

Орце Костов

РКЕ: Неточни се наводите на професорот Трајковски дека мрежарината ги зголемува сметките

Орце Костов

Професор Трајковски: Фиксната мрежарина ги прави сметките поголеми при сите нивоа на потрошувачка

Орце Костов

Бислимоски: За две години се инсталирани фотоволтаици со иста моќност колку РЕК Битола

Орце Костов

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

Орце Костов