Нема опасни препарати во зелката која од Хрватска беше вратена во Македонија

Од:

Контролата спроведена кај производителот на зелката што неодамна беше вратена од Хрватска поради нејзина наводна неисправност и направените анализи покажала дека во посочената земјоделската култура не било детектирана употреба на забранети препарати за заштита. Тоа го посочи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој во Охрид ги следеше активностите за вештачки мрест на еднемичниот вид охридска пастрмка.

– За пратката вратена од Хрватска веднаш беше интервенирано, беше проверено кој е производителот, кој е извозникот. Преку Инспекторатот за земјоделство направени беа дополнителни контроли, земени се мостри од извезениот градинарскиот продукт. Направените анализи испаднаа негативни односно покажаа дека таков препарат не е употребен во земјоделската култура, рече Трипуновски одговарајќи на прашање на новинарите по однос случајот.

Министерот Трипуновски рече дека не знае дали се работи за некаква грешка на хрватските гранични контроли, но категорично изјави дека во Македонија кај посочениот земјоделец не се пронајдени такви недозволени пестициди ниту анализите покажале употреба на забранети средства.

Тој истакна дека засилени се контролите во делот на илегална односно недозволена трговија со препарати за заштита на растенијата.

– Работиме на проширување на дозволената листа препарати, со цел земјоделците да имаат пристап до повеќе препарати кои се можеби и поевтини и со поголема ефикасност, рече министерот Трипуновски.

Би можело да ве интересира

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

СДСМ: Љутков постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место

Адвокатот на семејството на загинатата Фросина Кулакова: Обвинетиот Васил Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната

Предраг Петровиќ

Пукање во Штип, едно лице е повредено на градскиот плоштад во Штип

Предраг Петровиќ

Со гаранција од два милиони евра, Асмир Јахоски излегува од притвор

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска