Неготино продава парцели за винарии

Од:

Пет градежни парцели за изградба на винарии во катастарска општина Курија преку оглас нуди општина Неготино, информираа денеска од неготинската локална самоуправа.

– Објавивме оглас за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија. Електронското јавно наддавање ќе се одржи на 23 март. Се работи за парцели вон населено место, со намена за лесна индустрија, согласно урбанистичкиот план усвоен од општинскиот совет, соопштија од општината.

Парцелите се со различна површина, од 1.490 до 7.020 квадратни метри,  со  почетна цена  од 61 денар за квадратен метар. 

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

Николовски: Зголемена откупна цена и поголеми приходи на лозарите преку новиот Закон за виното донесен од СДСМ

Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата

МЗШВ: Производната цена на килограм „смедеревка“ 18,3 денари, а на „вранецот“ 20,8