Недимовиќ: Функционира Договорот од Отворен Балкан, први три пратки за С. Македонија без чекање на границата

Од:

Првите три пратки од секторот за стоки од животинско потекло од Србија во вторник заминаа за Северна Македонија без да чекаат на граничните премини, со што Србија го означи почетокот на имплементација на Договорот за соработка во ветеринарното, фитосанитарното и безбедноста на храната, потпишан во Тирана во декември, како дел од иницијативата Отворен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград.

Почетокот на имплементација на Договорот од страна на Србија го соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Бранислав Недимовиќ, додавајќи дека договореното се спроведува, а по потпишувањето на договорот веќе имало пратки од Северна Македонија во Србија.

-Како што се договоривме и потпишавме, така се и функционира, нема повеќе чекање на граничните премини, ако стоката тргне од Куманово и треба да оди во Суботица, ги признаваме нивните лабораториски анализи, таму се врши усогласување на документите, така е со стоката од животинско и растително потекло, така е со сите стоки кои се во секторот за безбедност на храната и тоа е она што е произлезено од Отворен Балкан, изјави Недимовиќ за ТВ Пинк.

Тој посочи дека Отворен Балкан во однос на прехранбениот сектор е ставен во фунција со полн капацитет и дека сега постои систем на рани најави.

-Тоа значи дека за оние кои сакаат да испратат некоја стока од Албанија во Србија, постои наша посебна платформа каде што шпедитерот еден ден претходно најавува што ќе пристигне, а ние автоматски му издаваме електронска потврда дека влегува во државата, изјави Недимовиќ.

Тој кажа дека целосната размена меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија во прехранбениот сектор е околу 420 милиони долари и оти верува дека „со рушење на пречките“ за неколку години ќе достигне до милијарда долари размена.

Според него Србија во Северна Македонија и Албанија најмногу извезува пченица, пченка, брашно, сончогледово масло, „кое се извезува во неверојатно големи количини“, како и млечни производи, додека од Македонија најмногу се увезува грозје и вино, и како што наведе, „не толку домати како порано.“

Би можело да ве интересира

Османи: На седница на Владата ќе предложам излегување од иницијативата Отворен Балкан

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

A1on

Почнува единствениот пазар на труд на Отворен Балкан

Горан Наумовски

Потпишани Протоколите за Слободен пристап до пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан

БЕСА бара Владата да се огради од проектот „Отворен Балкан“

На иницијатива на Ковачевски Скопје, Белград и Тирана на еден ден ќе ги отворат меѓусебните граници

Ана Ололовска