НБРМ пред компаниите го претстави новиот канал за плаќање во евра

Од:

Во Народната банка на Република Македонија во изминатите два дена беше одржана презентација за новиот канал на прекугранични плаќања во евра пред претставници на околу 100 домашни компании кои имаат значаен обем на надворешнотрговска размена. На презентацијата компаниите биле запознаени со придобивките од новиот канал, односно како можат да извршат поевтини, брзи и сигурни плаќања во евра, информираат од Кабинетот на гувернерот на НБРМ.

Oд почетокот на 2017 година во Народната банка почна да функционира новиот канал за прекугранични плаќања во евра, преку остварената врска на Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС) со платниот систем ТАРГЕТ 2 на Евросистемот.

„Реализацијата на овој капитален проект претставува втора генерација реформи во делот на платните системи, а значеше остварување на препораката за создавање алтернативен канал за плаќања во евра, согласно со ИПА-проектот ‘Оцена на потребите на НБРМ’, спроведен од страна на претставници на Европската централна банка и централните банки на земјите членки на Европската Унија. Крајната цел на овој проект е да се намалат трошоците за извршување на прекуграничните плаќања во евра и да се скуси времето на извршување на трансакциите“, соопштуваат од НБРМ.

За пошироко промовирање и користење на овој нов платежен канал, Народната банка има изработено и флаер со детални информации за начинот на кој компаниите и физичките лица можат да ги извршуваат плаќањата во евра.

Би можело да ве интересира

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра во последните три месеци од 2023 година

Орце Костов

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво