НБРМ останува на проекцијата за раст на БДП од 3,7 проценти за 2014 година

Од:

Народната банка на Република Македонија во најновиот квартален извештај останува на претходните проекции за раст на БДП од 3,7 проценти за 2014 и 4,4 проценти и за наредната година.

Гувернерот на НБРМ Димитар Богов на денешната прес-конференција истакна дека проекциите за растот на БДП се темелат на позитивните ефекти од постоечките и новите капацитети врз база на странските директни инвестиции, државниот инвестициски стимул, закрепнувањето на пазарот на труд и кредитната поддршка која ќе продолжи со едно солидно темпо.

Тој додаде дека растот и натаму ќе произлегува од извозната инвестициска побарувачка што соодветствува со оценките за подобрување на надворешното економско опкружување за влез на нови и зголемување на искористеноста на постојните капацитети ориентирани кон извоз, како и позитивен импулс од јавните инвестиции и личната потрошувачка.

Народната банка очекува солиден придонес кон растот, особено наредната година, од потрошувачката на домаќинствата во услови на постојано подобрување на состојбите на пазарот на работна сила, кредитна поддршка и постабилни очекувања.

Според извештајот кредитниот раст во првиот квартал од 2014 година забележа раст од 7,5 отсто. Богов потенцира дека растот на депозитите и расположивите странски кредитни линии, подобрените согледувања на банките за ризиците и подобрувњето на глобалниот амбиент се очекува да овозможат одржување на стапките на кредитен раст на ниво од 7-8 проценти годинава и во наредната година. Извештајот покажува постепено забавување на учеството на нефункционалните пласмани на нефинансиските субјекти кои во март изнесуваат 11,1 проценти.

Гувернерот посочи дека има надолна корекција на проекцијата за инфлацијата за 2014 година поради фактори на страната на понудата и се проценува на околу еден процент.

Во однос на претходните проекции има помал дефицит во тековната сметка на платниот биланс за годинава, при што се задржани оценките за негово проширување во овие две години, но со умерено ниво.

За девизните резерви, гувернерот истакна дека тие ќе се одржуваат на адекватно ниво. -Во изминатиот период има одредено намалување поради изостанување на капитални приливи, но очекуваме приливи од ИПА фондовите и некои други фондови и од Светска банка.

Богов рече дека во однос на октомвриската проекција има помал дефицит во тековната сметка на платниот биланс и изнесуваше 1,9 отсто. И покрај подобрениот извоз се очекува дека се поголемата увозна побарувачка и намалувањето на учеството на приватните трансфери во БДП ќе го продлабочат дефицитот во тековната сметка, со што тој ќе се сведе на 4 отсто во 2014 година и на 5,8 отсто за 2015 година.

Би можело да ве интересира

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра во последните три месеци од 2023 година

Орце Костов

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво