НБРМ останува на проекцијата од 3,7 проценти

Од:

Растот на економијата од 3,7 проценти според Народната банка на Република Македонија останува непроменет, а главниот импулс да го обезбеди извозот, според во последниот квартален извештај на Банката.

Нема промена и во проекцијата за 2015 година кога се очекува забрзување на растот и да достигне 4,4 проценти.  Се оценува дека дел од инвестициските и потрошувачките одлуки на економските субјекти ќе бидат финансиски поддржани преку банкарски кредити. По растот на кредитите од 6,4 отсто во 2013 година, во следните две години се укажува на негово забрзување со што би достигнал 7 отсто и 8 осто, соодветно. Овие проекции, како што стои во извештајот, се условени од остварувањето на претпоставките за економско закрепнување и раст на девизните приливи во економијата во следните две години.

На кредитниот пазар, според извештајот, банките обезбедуваа финансиска поддршка на реалниот сектор во првото тримесечје. При подобрени согледувања и очекувања, доволни извори за финансирање и солидни фундаменти, растот на банкарските кредити забрза, а нивото на кредитите беше над очекуваното, наведуваат од НБРМ.

Во овој период банките ја задржаа политиката на поактивна кредитна поддршка и на корпоративниот сектор, присутна од крајот на претходната година.

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Што растеше побрзо – платите или цените?

Во јануари годишен раст од 11,0% на депозитите, а 11,3% на кредитите

Доналд Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка