НБРМ ќе издаде ковани пари од 10 денари за колекционерски цели

Од:

Советот на Народната банка на Република Македонија денеска усвои одлуки за издавање и за пуштање во оптек на 7.000 парчиња ковани пари за колекционерски цели „близнаци’’ и „рак’’ од серијата „хороскопски знаци’’. Кованите пари „Близнаци’’ и „Рак’’ се со апоен од 10 денари.

На седницата на Советот е усвоен Извештајот за работењето на внатрешната ревизија за 2014 година, при што е констатирано дека Дирекцијата за внатрешна ревизија целосно ја спровела програмата за работа. Во 2014 година се извршени  18 редовни ревизии на 35 работни процеси, при што за утврдените наоди се дадени 61 препорака за подобрување на системот на интерни контроли. На редовна квартална основа се следело спроведувањето на дадените препораки и сознанијата од извршените следења укажуваат на тоа дека препораките главно се почитуваат и се остваруваат во зададените рокови. Нивото на остварување на дадените препораки во 2014 година е исполнето со 96,4 проценти, соопшти НБРМ.

Советот на НБРМ усвои и нов Правилник за истражувачка активност, кој овозможува натамошно унапредување на рамката за истражувачката активност и нејзино усогласување со светските практики. Правилникот обезбедува средина во која се стимулира истражувачката активност и ги поттикнува вработените за објавување трудови во меѓународни списанија со фактор на влијание, во функција на натамошно зајакнување на институционалниот капацитет и поширока промоција на институцијата, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра во последните три месеци од 2023 година

Орце Костов

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво