НБРМ и ЕФСЕ со едукативни брошури за децата

Од:

Народната банка на Република Македонија (НБРМ), во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ), изготви две едукативни брошури на следниве теми: „Патување во светот на парите“ и „Водич за финансиска едукација“ наменети за младата популација во државата.

Публикацијата „Патување во светот на парите“ ќе придонесе младите да се информираат и да научат нешто повеќе за парите како важен дел од нашиот секојдневен живот, за историјата на парите, нивното потекло и нивната употреба во сегашноста, карактеристиките, функциите и формите на парите и нешто повеќе информации за националната валута на Република Македонија. Публикацијата „Водич за финансиска едукација“ ќе помогне попаметно да управуваат и како одговорно да ги трошат парите, како да управуваат со приходите, кои се предностите од штедењето и што претставува буџет.

Целта на издавањето на овие едукативни публикации е да им се помогне на младите граѓани да донесуваат здрави финансиски одлуки уште од рана возраст.

Управувањето со парите се најзастапените форми на лични финансии и ја опфаќаат секоја група граѓани, почнувајќи од децата и младите. Заштедите може да помогнат во постигнувањето одредени финансиски цели, без разлика дали тоа ќе значи плаќање годишна школарина, купување нова компјутерска или спортска опрема, а притоа без да се дојде до состојба на барање заем.

Брошурите претставуваат мали практични водичи, достапни на македонски и на албански јазик, во кои се објаснува историјата на парите, коишто овозможуваат стекнување општа финансиска писменост на лесно разбирлив и едноставен начин.

Брошурите се дел од активностите спроведени во рамките на Проектот за финансиска едукација на Народната банка и ѝ се достапни за јавноста во електронски формат на официјалните интернет-страници на Народната банка: www.nbrm.mk и на ЕФСЕ: www.efse.lu, како и на социјалните мрежи, и на следниве интернет-врски:

  1. Патување во светот на парите
  2. Водич за финансиска едукација

Брошурите може да се најдат и во печатена верзија во просториите на Народната банка.

Би можело да ве интересира

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра во последните три месеци од 2023 година

Орце Костов

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво