НБРМ ги демантира обвинувањата од Костовски, сториле сè за да ги заштитат депонентите и доверителите

Од:

Народната банка ги деманира обвинувањата од сопствениците на Еуростандард банка, и најавува дека ќе ги употреби расположливите правни средства за заштита на нејзиниот интегритет.

Од НБРМ велат дека сите мерки кои ги презеле биле за да не се дозволи Еуростандард банка одново да презема ризици, а без соодветен капитал за нивно покривање, што би можело да биде на штета на депонентите и доверителите.

„Со ограничувањето на кредитирањето се заштитија депозитите на депонентите. Ако не се стореше тоа, Банката, депозитите на граѓаните и компаниите ќе можеше да ги пласира во кредити, а без да има доволен капитал. Народната банка мораше и на овој начин да ги заштити граѓаните и компаниите – депоненти на „Еуростандард банка“ АД Скопје и го стори тоа“, се наведува во соопштението од НБРМ.

Според НБРМ, сопствениците не го обезбедиле потребниот капитал за првата половина од оваа година, ниту изнеле издржано и реално решение за пренесување на сопственоста на инвеститор којшто би извршил докапитализација на Банката во обем и со динамика кои би овозможиле нејзина одржливост.

Во соопштението се појаснува дека со вложениот капитал од сопствениците во 2019 година, Банката ги достигнала минималните законски барања кои од денешна перспектива значат обезбедени дополнителни 11 милиони евра капитал во билансот на Банката.

Од НБРМ уверуваат дека банкарскиот систем е и останува стабилен и сигурен, а граѓаните треба да бидат спокојни, бидејќи сите други банки и штедилници биле стабилни.

Би можело да ве интересира

ММФ оценува дека Народната банка успешно се справува со шоковите

Катерина Ѓуровски

Народна банка: Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Советот на Народната банка на седница ги усвои Годишниот извештај и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за 2024 година

Величковски: Приливите од странство ќе им бидат на располагање веднаш на граѓаните и на компаниите со влезот во СЕПА

Ангеловска-Бежоска: членството во СЕПА е признание за нашата посветеност на финансиската интеграција во ЕУ, стабилноста и на модернизацијата