НБМ првпат ги објави податоците за екстерните статистики

Од:

Народната банка на Република Македонија за првпат ги објави податоците за екстерните статистики (платен биланс, меѓународна инвестициска позиција и бруто надворешен долг и бруто надворешни побарувања), изготвени согласно со новите меѓународни стандарди, пропишани од страна на  Меѓународниот монетарен фонд во „Прирачникот за платен биланс и меѓународна инвестициска позиција“ (БПМ6) и „Прирачникот за статистика на надворешниот долг“ (2013).

Како што соопшти Кабинетот на гувернерот на НБМ, новата методологија БПМ6 на ММФ е резултат на потребата од приспособување на екстерните статистики кон промените во меѓународното економско и  финансиско окружување во изминатите две децении и треба да обезбеди поголема меѓународна споредливост на податоците, како и конзистентност на различните макроекономски статистики на национално ниво. Ова пред се се однесува на усогласувањето на БПМ6 со Системот на национални сметки (СНА 2008).

Податоците за платниот биланс за април 2014 година, меѓународната инвестициска позиција за првиот квартал од 2014 година и бруто надворешниот долг и бруто надворешните побарувања за првиот квартал од 2014 година се објавени во нови стандардни извештаи, во кои одделни категории имаат изменета содржина и структура. Со цел да се обезбеди споредливост на податоците, се објавени и нови временски серии податоци, се наведува во соопштението.

Во „Информацијата за промените во платниот биланс, меѓународната инвестициска позиција и надворешниот долг коишто произлегуваат од примената на новите меѓународни статистички стандарди“, објавена на интернет-страницата на Народната банка во почетокот на јуни 2014 година, се расположливи подетаљни информации за промените во начинот на презентација, методолошките промени и нивните ефекти.

Со објавувањето на податоците согласно со новата меѓународна методолошка рамка, се посочува натаму, Република Македонија се приклучува кон земјите-членки на ЕУ коишто планираат новите стандарди да ги воведат во 2014 година.

Би можело да ве интересира

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра во последните три месеци од 2023 година

Орце Костов

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво