„Националната банка на Грција“ (НБГ) започна постапка за продажба на нејзината филијала во Бугарија, „Обединетата бугарска банка“ (ОББ), јави БТА, повикувајќи се на информација на грчкиот економски портал „Банкуорс“.
Според истиот извор, НБГ ќе ги продаде 99,1 отсто од акциите на ОББ, како и нејзиниот оддел за лизинг „Интерлиз ЕАД“ на белгиската банкарска групација „КБЦ Груп“ за 610 милиони евра. Консултат при продажбата е швајцарската банка „Креди Свис“.
Порталот наведува дека продажбата на ОББ е во рамките на плановите на НБГ за нејзино преструктуирање, кое покрај на бугарската филијала, ќе опфати и продажба на нејзините банки во Кипар и Романија.