НБ: Економската активност покажува раст и во третиот квартал

Од:

Економската активност во првата половина од годинава има раст, а новите расположливи податоци за третото тримесечје посочуваат нејзино натамошно зголемување. Годишната стапка на раст на БДП е 3,6 отсто.

Ова го констатира Советот на Народната банка на седница на која ги разгледа најновите макроекономски показатели.

Инфлацијата е во зоната на умерени промени, при просечен годишен раст на цените од 1,1 отсто во првите осум месеци од 2019 година, што е нешто помалку од очекувањата.

На седницата, како што соопшти Народната банка, посебен фокус е ставен на надворешната позиција, што беше оцената како поволна. Нискиот дефицит во тековната сметка и финансиските приливи овозможуваат постојан откуп на девизи на девизниот пазар од страна на Народната банка и раст на девизните резерви. Во однос на движењата во монетарниот сектор беше одбележано дека растот на вкупните депозити и вкупните кредити е непрекинат и главно е во рамки на очекувањата.

Би можело да ве интересира

Јордан Димитровски избран за Претседател на Управниот одбор на МАСИТ

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 16.05.2025 изнесува 89 евра за мегават час, на МЕМО 92,88 евра за мегават час

ММФ оценува дека Народната банка успешно се справува со шоковите

Катерина Ѓуровски

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Народна банка: Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците