НБ: Девизните средства на државата добиени со задолжувања се чуваат на сметка на НБ, конверзијата се прави во НБ и не значи печатење пари

Од:

Девизните средства на државата, вклучително и средствата добиени врз основа на задолжување или донации од странство, се чуваат на сметки во Народната банка и согласно со меѓународните стандарди претставуваат дел од девизните резерви. Како дел од девизните резерви, овие средства претставуваат дополнителна поддршка за носителите на монетарната политика во одржување на стабилноста во економијата, појаснуваат од Народната банка по вчерашната објава за нивото и растот на девизни резерви.

-Секако, државата слободно располага со овие средства и во зависност од потребите за финансирање, како и досега, тие може да се користат за отплата на долг кон странство кој достасува во следниот период, други редовни плаќања на државата кон странство, како и за финансирање на буџетските расходи во домашната економија во домашна валута, наведуваат од Народната банка.

Конверзијата на девизите во домашна валута, како што истакнуваат, државата не може да ја направи во менувачниците, бидејќи тие работат исклучиво со физички лица. Конверзијата се прави врз основа на писмени барања доставени од страна на државата до Народната банка, која ги откупува овие девизи, а денарската противвредност се пренесува на трезорската сметка на државата. Притоа, нивото на девизните резерви останува непроменето (бидејќи државата ѝ ги продава девизите на Народната банка), и самата трансакција не значи „печатење на пари“.

Би можело да ве интересира

Во јануари годишен раст од 11,0% на депозитите, а 11,3% на кредитите

Европската централна банка ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата за Народната банка до 2027 година

Усвоен Кварталниот извештај: Макроекономските движења минатата година соодветствуваат со проекциите на Народната банка

ЕК формира Управувачки Комитет за СЕПА

А1он

Во декември годишен раст од 12,4% на депозитите, а 11,2% на кредитите

Ангеловска-Бежоска: Монетарната политика со значителен придонес за забавувањето на инфлацијата