Дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов денеска изјави денеска дека Министерството за финансии во ноември продолжува со зголемување на јавниот долг за нови 12,2 милиони евра.
– И покрај тоа што во периодот од 8 ноември 2016 година до 15 ноември 2016 година за кога е планирано ново задолжување на домашниот пазар на капитал не доспеваат долгови за враќање, министерот за финансии на аукцијата на домашни хартии од вредност на 8 ноември 2016 година побарува 12.2 милиони евра. Односно јавниот долг ќе го зголеми за нови 12.2 милиони евра, вели Наумов во пишаната изјава.
Според него, јавниот долг поради ова темпо на задолжување ги надмина критичните 50 отсто од БДП, граница која Меѓународниот монетарен фонд препорача да не се надминува.