Наумов се сретна со стопанствениците од индустриската зона во Визбегово

Од:

Дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов денеска се сретна со претставници на Здружението на стопанственици од индустриската зона во Визбегово.

Претставниците на Здружението, како што информира Кабинетот на Наумов, информирале за проблемите со кои се соочуваат компаниите кои се дел од оваа индустриска зона.

– Индустриската зона во Визбегово важи за најголема во земјата со повеќе од 200 компании и остварен промет од 632 милиони евра во 2015 година. И покрај тоа, во зоната во Визбегово компаниите се уште функционираат без основните услови, почнувајќи од водоводна и канализациска мрежа, како и патна инфраструктура, се вели во соопштението.

Наумов на средбата истакнал дека домашните компании ќе добиваат многу поголема поддршка од страна на државата затоа што, како што се наведува, тие се основа за раст на македонската економија.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски