Наумов: Потребни се 2 години без корка леб за покривање на долговите од власта!

Од:

За жителите на гостиварското село Тумчевиште огромна пречка во извршувањето на секојдневните земјоделски активности претставува тесниот руиниран локален пат, соопштуваат од СДСМ.

-Недозволиво е Ставрески секојдневно да ги задолжува граѓаните со по 3 милиони евра, луѓето да се мачат по вакви непроодни патишта. Со ваков износ од 3 милиони евра, проблемот што вие го имате се решава за еден ден, рече Кире Наумов, претседател на Комисијата за финансии на СДСМ и дополнителен заменик министер за финансии.

Наумов заедно со членовите на Извршниот одбор на СДСМ Едмонд Адеми и Аднан Џаферовски, вчера го помина денот во делови од гостиварскиот регион. Разговараа со жителите за секојдневните проблеми што ги тиштат, за лошата економска ситуација во која преживуваат граѓаните и државата, за политичката криза во Македонија.

12605343_1076615385703146_8174508455885164719_o

„Луѓето овде во гостиварско се жалат дека немаат добиено субвенции за цела измината 2015 година, поради што не можат ни да си ги прехранат семејствата, а не да размислуваат за планско производство.

Велат власта постојано измислува нови даноци и трошоци што треба да ги плаќаат, а субвенциите редовно доцнат“, се вели во соопштението.

„Зарем тие субвенции не се од даноците што ние ги плаќаме? Каде одат тогаш парите од секојдневните задолжувања ако не ни се исплаќаат навремено субвенциите?“ коментираат жителелите низ лутина.

Наумов, во гостиварската населба Малеарди рече дека транспарентноста на трошењето на народните пари ќе биде основа на работењето на новата Влада на СДСМ за што има предвидено конкретни мерки во Програмата.

12605534_1076614942369857_3218217173846093238_o

– Граѓаните мора да ја вратат контролата над власта и власта ќе биде таа што ќе се плаши од граѓаните, а не обратно, рече Наумов.

Луѓето се запознаени со задолжувањата што ги прави власта врз нивниот грб и загржено бараа објаснување што значи за нив и за земјава објавениот историски највисокиот долг од над 4 милијарди евра.

– За да може Македонија да го затвори огромниот јавен долг од 4 милијарди и 224 милиони евра, потребни се финансиски средства од 22 месечни прихода што ги остварува државата. Тоа е фрапантна бројка којашто покажува дека речиси две години, 22 месеца, граѓаните треба да останат без денар, буквално не треба да стават корка леб во уста, за да може државата да се раздолжи. Најголем дел од платите и пензиите што ги добиваат граѓаните се од кредити, од нови задолжувања и тоа е еден затворен круг што ако вака продолжи ја води во пропаст државата. За ова да не се случи, за да си ја сочуваме државата, оваа власт мора да замине. Нема да дозволиме вакво сценарио. Ќе ги вратат сите пари што ги одзедоа, а СДСМ во Програмата има мерки како да ги врати парите кон граѓаните со што ќе ги стабилизираме егзистенциите на семејствата, а со тоа и еконмската состојба во земјата, порача Наумов во центарот на Гостивар.

12657774_1076615482369803_5660924102476329823_o

Членовите на Извршниот одбор на СДСМ, Едмонд Адеми и Аднан Џаферовски посочија дека СДСМ ќе гради политика на толерантно општество во коешто нема да се делат луѓето на „наши“ и „ваши“. Македонија ќе биде држава во којашто културите ќе соработуваат и ќе се надополнуваат, тоа е богатство на Македонија, а не хендикеп, со што си игра оваа власт за политички потреби. Ја градиме Македонија едно општетсвтво за сите, порачаа претставниците на СДСМ при средбите со жителите во гостиварскиот регион.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он