На светските берзи енормно расте побарувачката за бакар, кобалт, литиум, силициум и цинк, минерали кои се од суштинско значење за зелената транзиција. Тоа резултира со зголемен број барања за дозволи за експлоатација на минерали, а со тоа се засилува и конкуренција меѓу магнатите во рударскиот сектор.
Иако со новите методи кои се користат за експлоатација на минерални суровини не е доведено до прашање здравјето на граѓаните, во светски рамки расте бројот на меѓународни арбитражи во рударскиот сектор. Светските експерти велат дека токму конкурентите интензивно ја користат политичката и правната несигурност во регионите богати со руда, за да предизвикаат несигурност и страв кај населението со лажни информации во врска со експлоатацијата на минерални суровини.
Минералното богатство го направи Гренланд геополитичко бојно поле
Суперсили се натпреваруваат на овој остров ако се земат предвид неговите природни ресурси и стратегиската геополитичка локација. Еден од поголемите случаи од минатата година е арбитражната постапка која ја покрена рударската компанија со австралиски капитал „Гренланд Лимитед Минералс“ против Гренланд, односно регионот кој е под јурисдикција на Данска. Инвеститорот во 2010-тата година добива дозвола за експлоатација на минерални суровини во Кванефјелд, кое е второто најголемо наоѓалиште во светот на ретки оксиди и шестото најголемо наоѓалиште на ураниум. Дозволата за експлоатација е издадена од локалните власти во Гренланд.
Во 2015-тата година пак, компанијата поднесува барање за дозвола за ископ до владата на Гренланд. Но, рударството станува значајно прашање на изборите во Гренланд во 2021 година. Новата владина коалиција издава национална забрана за ископување ураниум, која всушност го блокира развојот на рудникот.
Па така, компанија нема гаранција дека дозволата за ископ ќе им биде издадена и поради правната несигурност покренува меѓународна арбитража против Гренланд и Данска.
Од „Гренланд Лимитед Минералс“ инвестирале над 130 милиони долари во проектот Кванефјелд и бараат отштета, а проектот поминал низ ригорозна проценка на животната средина.
Од Владата на Гренланд пак одговорија дека „со покренувањето арбитража, Гренланд Минералс избра да не ја почитува волјата на народот“.
Случајот со меѓународната тужба на инвеститорот против Гренланд и Данска е само една од вкупно 40-те покренати минатата година од областа на рударството.
Во случајот со Македонија, од пет активни постапки на меѓународна арбитража, три се од рударскиот сектор.
Потенцијална арбитража е и случајот со рудникот „Иловица – Штука“ со евентуална штета по буџетот од над една милијарда евра доколку не се испочитува последната одлука на Управниот суд од страна на Владата.
ПР Текст