Наследникот на легендарниот „Спачак“ пристигнува 2014 година

Од:

Легендарниот Цитроен 2ЦВ или „Спачак“ уште еднаш ќе добие наследник, преку новиот модел што се очекува да се појави во 2014 година.

Францускиот производител, наспроти големиот број успешни модели, никогаш не успеа во целост да ја достигне популарноста и долговечноста на моделот 2ЦВ и моделите од него, како што се Ами и Дијана.

Воопшто не изненадува обидот на Цитроен за оживување на духот на „Спачакот“ во своите современи модели. Овој пат француската компанија подготвува целосно нов автомобил, за кој тврди дека претставува наследник на моделот 2ЦВ.

Весникот „Ауто Билд“ наведува дека возилото со работно име Е3 Есеншал ќе биде изработено врз платформата на Цитроен Ц4 и ќе има должина од околу 4,3 метри. Дизајнот на моделот ќе биде под влијание од концептот Ц-Кактус, кој беше претставен во 2007 година на Саемот на автомобили во Франкфурт.

Засега не се познати повеќе детали за моделот, а во однос на погонските агрегати во игра се дизел мотор со 92 коњски сили и два бензински мотори со 82 и 100 коњски сили.

Концептот на моделот би можел да биде прикажан на Саемот на автомобили во Франкфурт во септември 2013 година, додека серискиот модел се очекува да се појави пролетта 2014 година по цена од околу 16.000 евра.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска