Народната банка ја зголеми каматната стапка: Инфлацијата во февруари е 16,7 проценти

Од:

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика откако Комитетот за оперативна монетарна политика донесе одлука каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за 0,25 процентни поени до нивото од 5,50%.

Со овие промени, Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика, коешто започна уште од крајот на 2021 година, со активно управување со ликвидноста преку интервенциите на девизниот пазар, а од април па наваму и преку зголемување на каматните стапки. Ваквата монетарна поставеност е поддржана и зајакната и со неколкуте промени кај инструментот задолжителна резерва, насочени кон раст на штедењето во денари, како и со системски мерки, како што е воведувањето противцикличен заштитен слој на капиталот со што дополнително се јакне отпорноста на банкарскиот систем.

„Поместувањата во изминатиот период во сегментите релевантни за монетарната политика се во согласност со очекувањата, но ризиците и натаму опстојуваат. Годишната стапка на инфлација забавува и во февруари 2023 година, четврти месец последователно. Воедно, анкетните истражувања на Европската комисија, од ноември наваму, покажуваат очекувања на потрошувачите за одредено намалување на инфлацијата во следните дванаесет месеци“, соопштија од НБРМ.

Во однос на најновите показатели, растот кај домашните цени и натаму забавува во согласност со очекувањата и во февруари 2023 година се сведе на 16,7% (17,1% во јануари). Забавувањето на годишната стапка на инфлација е условено од забавениот раст на цените кај енергетската и базичната компонента на инфлацијата, при одредено стабилизирање кај прехранбената компонента. Ревизиите во однос на очекуваните движења кај надворешните влезни претпоставки за проекцијата на инфлацијата се во различни насоки, при што ризиците во однос на проектираната стапка на инфлација за 2023 година главно се урамнотежени

Во согласност co меѓународните стандарди, нивото на девизните резерви на крајот на февруари е соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Движењата на домашниот девизен пазар и во текот на февруари беа претежно стабилни, при што Народната банка само повремено беше присутна на девизниот пазар.

Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, трговскиот дефицит во јануари 2023 година засега е малку понизок од очекувањата за првиот квартал од годината, но периодот на оцена е премногу кус за да се изведат попрецизни заклучоци.

Што се однесува до домашната економска активност, во четвртиот квартал од 2022 година реалниот раст на БДП очекувано забави, со што во просек, за целата 2022 година, економијата бележи реален раст од 2,1%, што е многу блиску до очекувањата од октомвриската проекција. пад во претходниот квартал, како и поумерени негативни движења кај индустриското производство.

Би можело да ве интересира

ЕК формира Управувачки Комитет за СЕПА

А1он

Левица: При инфлација и социјална несигурност владата зголемува буџет за војни на 3% од БДП

Горан Наумовски

Во декември годишен раст од 12,4% на депозитите, а 11,2% на кредитите

Минималната сума за преживување на месецот пораснала 100 евра за една година

Катерина Ѓуровски

Ангеловска-Бежоска: Монетарната политика со значителен придонес за забавувањето на инфлацијата

Девизните резерви надминаа пет милијарди евра