Народна банка: Зголемена кредитната поддршка на домашната економија

Од:

Банкарскиот систем продолжи да обезбедува кредитна поддршка на домашната економија и во текот на вториот квартал од годината, со што придонесува за ублажување на негативните ефекти од здравствената криза, соопшти Народната банка на Република Северна Македонија.

Во соопштение од Кабинетот на гувернерот на НБРСМ се наведува дека во второто тримесечје вкупниот обем на новите кредитни текови изнесува околу 9 милијарди денари, при што нешто над половина од овој износ се текови остварени во јуни 2020 година. Со тоа, годишната стапка на раст на кредитите на крајот на јуни изнесува 6,6 отсто и е над проекцијата на Народната банка.

– Кредитната поддршка на банките е насочена и кон корпоративниот сектор и кон домаќинствата. Придонесот на кредитите на корпоративниот сектор во кварталниот раст на вкупните кредити е нешто поголем во однос на придонесот на кредитирањето на домаќинствата. Од март наваму, Народната банка донесе неколку сета на мерки, во насока на стимулирање на кредитната активност и подобрување на ликвидноста, а нивните ефекти се видливи преку последните податоци за динамиката на кредитниот пазар, се наведува во соопштението.

Од Народната банка посочуват дека согласно со најновата Анкета за кредитна активност, се очекува кредитната поддршка на домашната економија да продолжи и во третиот квартал, со олеснување на кредитните услови кај претпријатијата, а банките очекуваат и зголемување на кредитната побарувачка кај двата сектора.

Би можело да ве интересира

Прво намалување на цените на становите после четири години раст

Орце Костов

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

НБ: Инфлацијата се намалува, економскиот раст под проектираниот

Горан Наумовски

Граѓаните ќе можат бесплатно да проверат колку се кредитно изложени: Нова алатка на Народна банка

Орце Костов

Во Македонија се помалку се плаќа во кеш: Раст од 20 отсто кај плаќањето преку мобилен

Орце Костов

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата и натаму ќе се намалува, но потребни се структурни реформи за да станеме поотпорни на шокови