Народна банка: Нето надворешниот долг достигна 4,32 милијарди евра

Од:

На крајот на јуни годинава нето надворешниот долг достигна 4,32 милијарди евра што е 30,5 отсто од проектираниот домашен бруто-производ, покажувата податоците на Народната банка објавени денеска. Нето надворешниот долг на земјата, во вториот квартал од 2023 година е зголемен за 121 милион евра, или за 2,9 отсто.

„На крајот на вториот квартал од 2023 година, бруто надворешниот долг изнесува 11.397 милиони евра и забележа квартално зголемување од 338 милиони евра. Бруто надворешните побарувања се зголемија за 216 милиони евра и изнесуваат 7.074 милиони евра. Поголемото квартално зголемување на обврските во однос на побарувањата доведе до зголемување на нето надворешниот долг за 121 милион евра, така што на крајот на јуни 2023 година тој изнесува 4.324 милиони евра“, се вели во соопштенитот на НБ.

Приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 62 отсто.

Во текот на вториот квартал од 2023 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 226 милиони евра и изнесува 8.357 милиони евра, што претставува 58,9 отсто од проектираниот БДП за 2023 година.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра во последните три месеци од 2023 година

Орце Костов

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво

Девизните резрви на крајот на јануари 4,33 милијарди евра