Народна банка: ЕЦБ ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата за уште една година

Од:

Народната банка денеска соопшти дека на нејзино барање, Европската централна банка (ЕЦБ) донела одлука со која ја продолжила можноста за пристап до репо-линијата во вредност од 400 милиони евра, до 31 јануари 2025 година.

– Ако се употреби, репо–линијата обезбедува брза достапност до девизна ликвидност и претставува уште еден заштитен слој за гарантирање на стабилноста на курсот на домашната валута. Репо-линијата може да ги задоволи можните потреби за ликвидност во време на зголемени геополитички несигурности и нивните потенцијални ризици за глобалната економија и финансиските пазари, се вели во соопштението.

Од централната банка информираат дека домашните девизни резерви, коишто се главен инструмент за одржување на стабилноста на курсот, се на историски највисокото ниво.

– Со постојаното одобрување на репо-линијата, Европската централна банка им дава значајна поддршка на политиките на стабилност коишто ги спроведува Народната банка, се наведува во соопштението.

Народната банка доби можност за пристап до репо-линијата на почетокот на кризата предизвикана од Ковид-19 во 2020 година, кога ЕЦБ им дозволи пристап до овој инструмент на централни банки надвор од еврозоната, со цел да се спречат преносните ефекти врз финансиските пазари и економиите во еврозоната и да се ублажат негативните ефекти од пандемијата.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра во последните три месеци од 2023 година

Орце Костов

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво

Девизните резрви на крајот на јануари 4,33 милијарди евра