Намалување на куповната моќ во Франција

Од:

Мнозинството Французи, околу 79 проценти, сметаат дека нивната куповна моќ во 2012 година е намалена, додека 77 отсто очекуваат нејзино дополнително намалување во 2013 година, покажува најновото истражување спроведено од националниот Институт за потрошувачка.

Куповната моќ во Франција во 2012 година е намалена за првпат во изминатите три децении, Французите сметаат дека нивната економска ситуација ќе се влошува и во текот на идната година и подготвени се дополнително да ги намалат трошоците, пренесува францускиот весник „Фигаро“.

Како причина за намалената куповна моќ, испитаниците го наведуваат зголемувањето на даноците, растот на цената на електричната енергија и цените за широка потрошувачка и горивата.

Истражувањето покажува дека речиси четвртина од граѓаните на Франција тешко врзвуваат крај со крај, од кои 48,4 проценти заработуваат помалку од 1.400 евра месечно.

Би можело да ве интересира

Ле Пен повикува на востание

Жан-Ноел Баро: Франција нема да се двоуми повторно да воведе санкции врз Иран

(ВИДЕО) Хорор во џамија во Франција: Го избодел 50 пати, снимал и праќал на колеги

(ВИДЕО) Инцидент во Франција: Ученик избодел соученици, најмалку едно лице е убиено, четворица се тешко ранети

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето