Намалување на каматите на кредитите, регистрира Народна банка

Од:

Според податоците од последниот извештај на Народната банка има зголемување на просечната каматна стапка на вкупните депозити, при што во ноември таа изнесува 1,74%.

„Просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор изнесува 2,23% и е зголемена за 0,27 п.п., во споредба со претходниот месец., додека кај каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата е забележан раст од 0,05 п.п. на месечна основа и изнесува 1,69%“, се наведува во извештајот.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи минимално месечно намалување во однос на претходниот месец и изнесува 5,48%.

„Во ноември, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 5,36% и е минимално намалена за 0,01 п.п. на месечно ниво. Во ноември, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата оствари минимално месечно намалување од 0,01 п.п. и изнесува 5,59%“, се наведува во извештајот.

Би можело да ве интересира

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра во последните три месеци од 2023 година

Орце Костов

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво