Намалени продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар

Од:

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 1,8 отсто на годишно ниво, а на месечно ниво немаат промена.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2014, во споредба со март 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,6 отсто и во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0,1 отсто, додека во групата Трајни производи за широка потрошувачка се на исто ниво.

Во април 2014, во споредба со април 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Капитални производи за 3,2 отсто, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,6 отсто и Енергија за 2,1 отсто.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто